Кер: Нема да зборувам за кошарка, на 500 километри од тука се убиени 14 деца (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Најмалку 19 ученици и наставен кадар загинаа во основно училиште во Тексас, а многу познати спортисти проговорија во текот на денот.

Најшокантно беше обраќањето на Стив Кер, тренерот на Голден Стејт Вориорс, кој беше во солзи пред натпреварот на неговиот тим со Далас.

„Не сакам да зборувам за кошарка, бидејќи тоа не ме интересира. Откако завршивме со тренинзите, на 500 километри од тука беа убиени 14 деца и нивната учителка со нив. Во последните десет дена имавме постара црнокожа жена убиена во супермаркет во Бафало. Имавме Азијци убиени во црква во Калифорнија, а сега имаме деца убиени на училиште“, започна Кер, а потоа го крена гласот.

„Кога ќе направиме нешто?!?“ – праша тој!

Со солзи во очите го продолжи своето обраќање.

„Уморен сум да седам овде и им изразувам сочувство на неутешните семејства, од минута молчење доста е! Има 50 сенатори кои одбиваат да донесат закон за проверка при купување на оружје. И има зошто нема да го направат тоа, за да останат на власт. Дали ќе продолжите да ја ставате вашата желба за власт пред животот на нашите деца?“, праша тој.

А потоа продолжи:

„Ќе играме натпревар вечерва, но сакам сите овде да мислат на своето дете, внука, мајка, брат, сестра… Како би се чувствувале ако ова некому му се случи?

Се побунија и ѕвездите од женската НБА лига, а најгласна беше Наташа Клауд од Вашингтон Мистикс.

„Мислам дека на сите им е јасно што се случува во оваа држава, што се случи во Тексас, што се случи во Бафало пред една и пол недела. Имаме проблем во оваа држава, не само со доминацијата на белците, туку имаме проблем и со пукањата. Овој натпревар не е важен, туку 18 животи изгубени во основно училиште, зборуваме за тоа дека нашите деца не можат безбедно да одат на училиште“, рече таа.

Искусната 30-годишна кошарка од Вашингтон, како Стив Кер, ги повика политичарите и сенаторите да преземат одговорност.

„Нашата држава не ја работи својата работа и не е за одземање на правото на некого да носи оружје, туку за донесување нормални закони за оружје. Не можеме да продолжиме да ги правиме истите грешки и да продолжиме да си дозволуваме да не правиме ништо за пари, профит. Време е да се сменат законите за оружје“, заклучи таа.

Слични содржини