Софија Абрамович, ќерката на рускиот милијардер Роман Абрамович, објави порака против рускиот претседател Владимир Путин.
Руската инвазија на Украина започна оваа недела, а Русите веќе стигнаа до главниот град Киев.
Многумина од нив не сакаат војна со соседната земја, а една од нив е ќерката на Абрамовиќ, која најмногу време поминува во Лондон.
Таа објави „најголемата и најуспешната лага на пропагандата на Кремљ е дека повеќето Руси стојат покрај Путин“.
Дополнително, во истата објава е пречкртан збоот „Русија“, а додадено е презимето Путин во реченицата „Путин сака војна со Украина“.
Инаку, нејзиниот татко во Британија беше означен како еден од 35-те олигарси кои му овозможуваат на Путин да владее.
„Наводно, на официјалните лица им е наложено да го спречат Абрамович да биде во Британија. На рускиот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, наводно му е забрането да живее повторно во Британија“, објавија британските медиуми во четвртокот за статусот на Абрамович на островот.