Ќерката на Џеко е лута што Џозеф Фајнс го глуми нејзиниот татко

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Ќерката на покојниот Мајкл Џексон, Парис изјави дека и се „повраќа„ од реинкарнација на белиот актер Џозеф Фајнс во ликот на нејзиниот татко, соопшти Контактмјузик. Реакцијата е предизвикана по првите фотографии од новиот серијал “Urban Myths”.
Парис, која им 18 години, изрази незадоволство во коментарот објавен Twitter, како одговор на прашање од фан за нејзиниот татко.

Џозеф Фајнс, снимал се во филмовите “Вљубениот Шекспир” и “Елизабет”, претходно изјави дека бил “шокиран” оти ја добил улогата. Прогласувањето на учеството на белиот актер минатата година предизвика бес што се обнови повторно оваа недела со петиција за бојкот на филмот, потпишана од над 20 000 лица.

Мајкл Џексон имаше витилиго, што предизвикува дамки на кожата. За да се намали овој ефект, со годините многу ја осветли кожаата.

“Така длабоко сум навредена, како и многу други луѓе, сигурна сум. Искрено од тоа ми се повраќа. Лута, сум оти гледам како намерно го рерканирали не само татко ми, а и кума ми Лиз”, напиша Парис.

“Urban Myths” се состои од апокрифни приказни кои се случувале во Холивуд и светот на знаменитостите. Еден од филмовите е патувањето на поп кралот на поп кој го презема непосредно по нападите на 11 септември 2001 година со Марлон Брандо (Брајан Кокс) и Елизабет Тејлор (кума на Парис, толкуван од Стокард Чанинг).