Ќерката на Садам Хусеин со добри зборови за Трамп

од desk3
115 прегледи

“Никогаш не сум видела овој момент и одбивам да го видам”, рече во првото интервју по смртта на Садам Хусеин- Рагад, најголемата ќерка на ирачкиот диктатор. Во интервјуто за Си-Ен-Ен, таа додаде: “Деталите за неговата смрт се грди и болни – но тоа е една реномирана смрт”, рече Рагад по телефон од јорданската престолнина, каде што побара азил по инвазијата на Ирак во 2003 .

 

“Тоа беше смрт, која донесе гордост за мене, моите деца, моите сестри и нивните деца, на сите оние кои го сакаат и имаат во своите срца место за него.”

Тогашниот американски претседател Џорџ Буш, кој издаде наредба за инвазијата на Ирак, изјави непосредно по смртта на Садам Хусеин дека егзекуцијата “немаше да стане можна без решеноста на ирачкиот народ да создаде општество, управувано од владеењето на правото”.

Рагад, која ги обвинува САД за хаосот кој ја зафати нејзината татковина, се надева дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе биде различен од своите претходници.

“Овој човек штотуку зазеде место во раководството … Но од она што е видливо, станува јасно дека овој човек е со високо ниво на политичка чувствителност дека е многу различен од оние кои му претходеа”, рече Рагад пред CNN.

“Тој ги извади на виделина грешките на другите, особено во однос на Ирак, што значи дека тој е многу свесен за грешките направени во Ирак и што се случило со татко ми.”

За време на кампањата Трамп изјави дека бил против војната во Ирак, но јавно тој ја поддржа своевремено инвазијата на интервјуа – пред и по војната. И иако го нарекуваше Садам Хусеин “лош човек”, Трамп славно велеше дека поранешниот ирачки лидер ефикасно убивал “терористи”.