Во последната година можеме да ја видиме ќерката на Синди Крафорд 15 – годишната Каја Гербер, во голем број на списанија и кампањи на познати брендови. Каја успешно оди по стапките на својата мајка.
“Сакам да гледам слики од мајка ми кога била на моја возраст. Jас секогаш сум се обидувала да ја имитирам и со убавината и со внатрешниот квалитет. За мене мајка ми е најкул, најубавото лице на светот. Јас и мајка ми сме големи пријателки и пријателството ни станува се поголемо со секој изминат ден”, вели Каја , додавајќи дека таа никогаш немала типични тинејџерски чувства кон своите родители.
Гербер, исто така вели дека мајка и споделува совети за убавина со неа. “Основниот принцип е да не се претерува со шминката , секогаш таа да биде што поприродна. Kлучното правило е колку помалку толку подобро. Секогаш сум го слушала овој совет и не сум ја злоупотребувала козметиката. Бидејќи таа ја уништува кожата. Има и други тајни , на пример, за да има доволно сјај и треба масло со витамин Е”, вели Каја.