Ќерката на Трамп се вери во Белата куќа на последниот ден од неговиот мандат (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
535 прегледи

Ќерката на претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување, Доналд Трамп, Тифани Трамп (27) денес ја објави свршувачката со долгогодишното момче Мајкл Булос, пренесуваат светските медиуми.

Таа ги сподели убавите вести на социјалните мрежи, нагласувајќи дека е голема чест да се слават толку успеси во Белата куќа, и дека најважен е нејзината свршувачка со Мајкл.

– Ми беше чест да прославам многу успеси, историски прилики и да направам спомени со моето семејство во Белата куќа, никој од нив не беше толку посебен како свршувачката со мојот прекрасен свршеник Мајкл Булос. Се чувствувам благословено и возбудено за следното поглавје – напиша Тифани на Твитер со нивната заедничка фотографија.

Булос (23) кој е роден во Триполи, е американски бизнисмен, и тие започнаа да се забавуваат летото 2018 година, кога се сретнаа на Миконос.

Слични содржини