Кевин од „Сам дома“ е ЗА да го отстрани Трамп од филмот

од Stefanija Kuzmanovska

Откако корисниците на социјалните мрежи почнаа да бараат да се отстрани Доналд Трамп од филмот „Сам дома 2“, тие беа поддржани од актерот Меколи Калкин, кој го игра Кевин Мекалистер.

„Да покренеме петиција со која бараме Трамп да биде отстранет од сцената во филмот „Сам дома 2“ и да биде заменет со 40-годишниот Меколи Калкин“, напиша еден корисник на Твитер.

„Продадено“, ѝ одговори Калкин.

Калкин го поддржа и корисникот кој самиот го избриша Трамп од сцената.

„Браво“, му рече.

Режисерот на филмот изјави за „Инсајдер“ дека сцената со Трамп не била планирана, но тој ги присилил да му дадат улога.

„Тој рече дека смееме да го користиме неговиот хотел само ако и тој е дел од филмот.

loading...

Слични содржини