КФОР: Го истражуваме инцидентот во Зубин Поток, планирани се состаноци

од Stefanija Kuzmanovska

КФОР денеска соопшти дека го истражува инцидентот кој се случил во неделата во непосредна близина на патролата на КФОР во областа Зубин Поток, како и дека планира да разговара со сите страни.

КФОР на Фејсбук соопшти дека во инцидентот во реонот на Зубин Поток учествувале непознати вооружени лица, како и дека нема повредени или материјална штета, но дека се работи на утврдување на фактите.

„Бидејќи се планирани состаноците на сите станови, важно е сите вклучени да избегнуваат каква било реторика или дејствија што можат да предизвикаат тензии. Очекуваме сите актери да се воздржат од демонстрации на сила и да го бараат најдоброто решение за да се обезбеди безбедноста на сите заедници“, соопшти КФОР.

Тие додаваат дека „ги повикуваат сите страни да помогнат да се обезбеди безбедност и слобода на движење на Косово и да се спречат погрешните наративи да влијаат на процесот на дијалог“.

„Командантот на мисијата КФОР продолжува да го поддржува дијалогот за изнаоѓање договор за смирување на тензиите на северот на Косово и тој останува во контакт со сите вклучени во овој процес. Во последните месеци го зголемивме нашето присуство и патроли, и остануваме целосно способни да го исполниме мандатот според Резолуцијата 1244 од 1999 година за сите заедници во Косово. Решенија треба да се бараат преку дијалог“, се заклучува во соопштението на КФОР.

Слични содржини