КФОР: Останува нејасно каде биле косовските полицајци во моментот на апсењето

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Припадниците на КФОР извршиле увид во областа каде што биле уапсени тројца косовски полицајци и разговарале со претставници на институциите во Приштина и со српските власти, но се уште останува нејасно каде биле косовските полицајци во моментот на апсењето, соопшти вечерва мисијата на КФОР.

Се додава дека станува збор за област, во близина на административната линија, каде што и косовските и српските власти имаат јасна одговорност да се координираат со КФОР.

Мисијата ги потсетува сите страни дека распоредувањето на „Косовските безбедносни сили“ на северот на Косово бара претходна согласност од КФОР.

Слични содржини