Кијану Ривс ги откри деталите од шокантниот крај на Џон Вик: „Тоа е мојата омилена сцена“

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Кијану Ривс зборуваше на премиерата на филмот John Wick: Chapter 4 за неговиот изненадувачки крај, како и за можноста за снимање на петтиот дел од франшизата.

Внимание! Текстот може да содржи „спојлери“!

Да потсетиме, филмот доби бројни пофалби од критичарите и постигна импресивни 95 отсто на Rotten Tomatoes и солидни 8,5/10 на IMDb, а во првиот викенд од прикажувањето во кината заработи дури 137,5 милиони долари.

Сепак, некои обожаватели останаа изненадени од крајот на филмот, на кој се гледа како Вик подлегнува на смртната рана додека неговиот живот трепка пред неговите очи. На премиерата Ривс ги објасни деталите за крајот на филмот.

Смртта на Џон Вик

„Имавме можност да снимиме уште еден филм поради реакцијата на публиката на третиот дел. Кога разговаравме со продуцентот и режисер Чад Стахелски, клучното прашање беше смртта на Џон Вик“, откри тој.

„За тој да го добие својот мир, или својата слобода, на некој начин… тоа беше причината да се сними филмот. Не може да биде само „Ајде да направиме уште еден“. Навистина се работеше за смртта или начинот на умирање. Навистина бевме инспирирани од Хагакуре“, додаде тој.

За оние кои не знаат, „Hagakure: The Book of the Samurai“ е позната книга која се занимава со историјата на самураите и ги прикажува размислувањата на Јамамото Цунетомо за кодот на самураите.

Омилена сцена

Ривс, исто така, откри која сцена му е омилена: „Ако само ја погледнам од перспектива на Џон Вик на дното од скалите кога вели „Хелен“, тоа за мене, по околу осум години играње на улогата, беше врската со минатото“.

Што се однесува до иднината, тој беше внимателен оптимист за можноста за уште еден филм со Џон Вик, наведувајќи дека се зависи од тоа дали фановите сакаат уште едно продолжение.

„Ќе видиме како публиката ќе реагира на она што го направивме. Единствената причина поради која имавме шанса да ги направиме овие филмови е затоа што на луѓето им се допадна она што го направивме. Затоа мислам дека треба да почекаме и да видиме како публиката ќе реагира на тоа. “, објасни тој..

Слични содржини