Секој што седи на “жешката” столица спроти Елен Деџенерис не може да скрие ништо од неа. ТВ-презентерката многу умно ги извлекува тајните на ѕвездите и затоа е особено популарна во САД.
Минатата година, Сандра Булок споделила дека за време на снимањата на “Брзина”, ѝ се допаѓал нејзиниот партнер, Киану Ривс, но таа не се осмелила да ги сподели своите чувства со него.
Ривс беше на шоуто за да разговара за третиот дел од Џон Вик 3. Филмот веќе ги предводи благајните во САД, префрли поранешниот победник “Одмаздници: Крајот”.
Така Киану дојде да ги сподели своите чувства во телевизиското шоу. Пред да почне да зборува водителката го изненади со видео во кое се прикажува како таа би ја одиграла улогата во која го глуми Сандра Булок, а финалето би било повеќе од експлозивно.
Потоа дојде исповедта на Сандра дека ѝ се допаѓал Киану, а актерот не остана рамнодушен кон она што го чу, а за да даде јасен знак дека нему исто така му се допаѓала неговата партнерка истовремено.
И покрај тоа што си се допаѓале во исто време, двајцата никогаш не излеглеа Ривс рече дека е премногу доцна, бидејќи Сандра има маж.
Киану истакна дека имал врски со свои колешки-актерки, но така не спомена ниту едно име. Неговата најголема љубов останува неговата девојка, Џенифер Симе, која почина во сообраќајна несреќа.