564
Зоран Милевски-Кичеец, второосомничен во случајот „Рекет“, е на слобода. Тој дал гаранција од над 200.000 евра и укината му е мерката куќен притвор, потврдија за Алфа телевизија, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска и адвокатот на Зоран Милески, Александар Новаковски.
-Ја прифативме гаранцијата во имот, со тоа што во казната нема да му се пресмета периодот кој ќе го мине на слобода до правосилноста на пресудата, вели во телефонски разговор за Алфа, Вилма Рускоска.