Кичевчанец превезувал нежигосано огревно дрво без документација

од Nikola Popovski
220 прегледи

На 26.10.2023 во 19.05 часот во с.Колари, кичевско, од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ приведен е Л.З.(41) од истото село.

Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво – бука. Исто така, при негова контрола било констатирано дека Л.З. не поседува никаква документација за дрвата.

Лицето е спроведено во Полициско одделение Зајас и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини