Кичевчанец вработен во државна агенција со службени пари точел гориво за лични цели

од Nikola Popovski
348 прегледи

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.М.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во служба“.

Според полицијата, тој, вработен како службено лице во државна агенција, неовластено се послужил со парични средства доверени од страна на агенцијата со кои, покрај горивото што го ставил во службеното возило, дополнително платил и за гориво што го искористил за лични цели.

По предметот ќе треба да постапува обвинител.

Слични содржини