Кичевски: Правдата за малиот Мануел мора да ја истераме до крај

од Vladimir Zorba
256 прегледи

„Колку вреди животот на едно дете? Две години затвор…? Правдата за малиот Мануел Асановски мора да ја истераме до крај за да може мирно да почива во мир“, напиша секретарот за јавни политики, Васко Кичевски во своја објава на Фејсбук.

Тој истакна дека за жал, несовесното возење во Скопје станало секојдневие.

„Сѐ почесто ни умираат луѓе низ скопските улици, а уште потажно е што најчесто се деца. И се додека оваа несовесност поминува неказнето, со вакви смешни пресуди, нема да се освестат за огромната штета која ја нанесуваат“, потенцираше Кичевски.

Тој заклучи дека мора да се стави крај на непочитувањето на сообраќајната култура и дека мора да се стави крај на поминувањето на црвено, незастанувањето на пешачки премин, несовесното паркирање бидејќи сето тоа чини нечиј живот.

„Мора да ставиме крај за да ги заштитиме нашите деца“ стои во објавата на Кичевски.

Слични содржини