
Австралиската актерка и оскаровка Никол Кидман гордо шета на црвениот тепих во Кан, а многумина веруваат дека нејзиното “ново лице”, сега изгледа многу поразлично.

Актерката Никол Кидман е во Кан и таа ги измами сите погледи не само со нејзината витка фигура, добриот фустани и веселата насмевка, туку повеќе се прашуваа дали напреавила нова пластична операција затоа што немаше брчки околу очите иако веќе влезе во 49-година од својот живот.
Иако со сигурност таа се смешка за фотографите, секој ја забележа промената на нејзиното лице, Кидман е сосема поразлична, брчките едвај се забележителни.
Ова предизвика сомневање дека убавата Австралијка, пред да замине на француската ривиера, посетила естетски хирурзи, и направила неколку операции на нејзиното лице.
Ве потсетуваме дека таа неколку пати беше во центарот на вниманието на медиумите, поради приказната за употребата на “пластични оперативни зафати”.
Тогаш експерти од областа на естетската хирургија, пишуваа за весникот “Живот и стил„ дека Кидман најмалку четири пати била кај нивни колеги или во т.н. процедура.

Тие велат дека станува збор за ботокс, со кој е интервенирано на брчките на челото и околу устата, а со ласер ја исполирала кожата. На вратот таа направила мини лифтинг.
Сепак, таа одбива да признае дека ги користи услугите на пластичните експери.
“Да бидам искрена, јас сум сосема природна! Не можам да сменам ништо на лицето или на друго место. Јас не пушам, не пијам и јас користам крема со висок заштитен фактор, тоа е мојата тајна.”