Локалните медиуми јавуваат дека неидентификувани лица ја киднапирале Марија Колесникова, водачот на белоруските протести, во центарот на Минск.
Според нив, таа била однесена со комбе во непознат правец.
Соработниците на Колесникова објавиле дека ги проверуваат овие извештаи во медиумите, пренесува Ројтерс.
Белоруската полиција исто така ја испитува веродостојноста на овие информации.