Двајцата српски државјани, службеници во амбасадата во Либија, кои беа киднапирани вчера попладне на патот Триполи-Тунис, лоцирани се во поширокиот реон на местото Сабрата, каде е извршен вооружениот напад, јавува „Новости“.

Во тек се интензивни преговори меѓу српските и либијските власти со групата за која се сомнева дека го извршила киднапирањето. Постои уверување од либијска страна дека српските државјани можат да бидат пуштени на слобода.