Капитенот на Италија, Џорџо Киелини искористи „магичен“ збор и на својот тим му ја „донесе“ титулата европски шампион.
Кога Сака започна да шутира пенал, едвај го слушаше Киелини како вика, но суеверниот капитен на Италија се сети на волшебниот збор.
Всушност, тоа е проклетство, секој во Јужна Америка знае што е „Кирикочо“, а во Европа го донесоа латиноамериканците кои им објаснија на своите европски колеги колку е моќен овој збор.
Giorgio Chiellini has admitted he put an Argentine "curse" on Bukayo Saka, shouting "Kiricocho" as he took his #EURO2020 final penalty 🤨pic.twitter.com/2btSd8R2LP
— Goal (@goal) July 13, 2021
Оваа аргентинска „клетва“ има навистина долга и интересна историја.
Имено, оваа легенда го носи името по еден навивач на Естудијантес, кој, според мислењето на Карлос Билардо, му носел несреќа на неговиот тим. Кога и да присуствувал на тренинзите, се случувало нешто лошо.
Потоа, во 1982 година, тимот го презеде Карлос Билардо, кој подоцна, како селектор во 1986 година, ќе ја одведе Аргентина до светскиот шампион.
Бидејќи Билардо е многу суеверен, тој го замолил Кирикочо да ги пречекува и поздравува противничките тимови, против кои треба да игра неговиот тим. После тоа, Естудијантес воспостави силна доминација во аргентинскиот фудбал, а во 1982 година ја освои титулата со само еден загубен натпревар.
Погодете, во таа единствена игра што ја загубија, Кирикочо не ја пречекал противничката екипа.
Кјелини за „ЕСПН“ изјави: „Потврдувам сè. Кирикочо!“
¡CONFIRMADO: DIJO'KIRICOCHO'! Chiellini le aseguró a @askomartin que utilizó la famosa maldición identificada con Estudiantes para que Inglaterra erre el último penal. pic.twitter.com/XxR9r8lV95
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) July 12, 2021