339
Дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелини изрази стравување за блиската иднина на тимот на „азурите“.
Искусниот ас беше разочаран по поразот од Аргентина со 0:3 во спорот за трофејот „Финалисима“. Головите на „Вембли“ во Лондон ги постигнаа Лаутаро Мартинез во 28. минута, Анхел Ди Марија во 45. и Пауло Дибала во 90. минута.
„Тоа може да се случи. Се надевавме дека ќе победиме, но тоа не ги негира нашите досегашни заслуги. Ова го кажав и претходно – ни претстои тежок период на трансформација, бидејќи генерацијата се менува. Се надевам дека навивачите ќе не поддржат, бидејќи тоа му треба на тимот“, прокоментира Киелини по мечот.