Киелини после поразот: Уништени сме!

од Nikola Popovski
429 прегледи

Легендарниот дефанзивец Џорџо Киелини беше шокиран по поразот на италијанската репрезентација од Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство.

Македонците славеа во Палермо со голот на Александар Трајковски, а „Азурите“, актуелниот европски првак, вторпат по ред остана без виза за Мундијалот.

„Ова е големо разочарување за нас. Пропуштивме многу шанси, одигравме солиден натпревар. Горд сум на моите соиграчи“, истакна Киелини и продолжи:

„Уништени сме. Се надевам дека Манчини ќе биде тука во иднина“.

Искусниот фудбалер се уште не знае дали поразот од Македонија е негово збогување од репрезентацијата.

„Не е време да кажам дека ова е мојот последен натпревар во националниот тим“, додаде Киелини.

Во финалето од плеј-офот на 29 март Македонија ќе се сретне со Португалија, која синоќа ја совлада Турција со 3-1.

Слични содржини