Киелини: Сари го менува ДНК-то на Јуве

од Vlatko K
171 прегледи

Искусниот централен дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелини изјави дека новиот ментор на тимот,
Маурисио Сари, постепено го менува идентитетот и филозофијата на клубот.

„Бјанконерите“ започнаа со минимална победа од 1:0 над Парма во првото коло од новата сезона
во Серија „А“. Токму Киелини го постигна единствениот погодок по корнер и мешаница во
шеснаесетникот. Италијанецот го сподели своето мислење за дуелот и работата на Сари веднаш по
дуелот.

„Добар резултат за нас и добар настап, иако ќе биде полесно кога ќе влеземе во оптимална
физичка форма“, започна дефанзивецот.

„Мислам дека Сари ни недостасуваше повеќе во текот на неделата и за време на тренинг процесот,
во споредба со 90-те минути во текот на натпреварот“, рече Киелини, осврнувајќи се на отсуството
на италијанскиот стратег поради пневмонија.

„Тимот е полн со шампиони и во моментов има многу промени, особено во однос на ДНК-то на
составот и начинот на кој играат. Сепак, ние мора да задржиме некои принципи на работа кои биле
успешни за нас низ годините. Работиме со ентузијазам и желба брзо да се прилагодиме и да
постигнеме најдобри можни резултати“, заклучи италијанскиот репрезентативец.