Киелини се откажува од репрезентацијата по мечот со Аргентина на „Вембли“

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини ќе ја заврши кариерата во италијанската репрезентација по натпреварот со Аргентина на Вембли во јуни. 37-годишниот централен дефанзивец има 116 натпревари за „Азурите“, но откако избраниците на Роберто Манчини не успеаја да се пласираат во финалето на Светското првенство во Катар, Киелини реши да им го отстапи местото на помладите колеги.

„Ќе се збогувам со репрезентацијата на „Вембли“ – каде го доживеав највисокото достигнување во кариерата, освојувањето на Европското првенство. Би сакал да се збогувам со добро сеќавање. Ова дефинитивно ќе биде мојот последен меч за Италија“, изјави Киелини, кој дебитираше за Италија во 2004 година.

Заедно со Андреа Пирло го дели петтото место во вечниот пласман на играчите кои одиграле најмногу натпревари со италијанскиот тим.

Киелини додаде дека се уште не одлучил дали ќе продолжи да игра за Јувентус, а оваа одлука ќе ја донесе дури по крајот на сезоната.

„Мојата љубовна врска со Јувентус не е завршена и никогаш нема да заврши. Секако, до крајот на сезоната треба да проценам се и да разговарам со моето семејство за тоа што е најдобро. Прво да завршиме на четвртото место и да го освоиме Купот на Италија. Потоа ќе седнеме со моите две семејства – со тоа што живеам и Јувентус – и ќе одлучиме што е најдобро за сите“.

Слични содржини