234
Русија и Украина разменија обвинувања за планирање напад на нуклеарната централа Запорожје.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон дека руските сили подготвуваат „опасни провокации во Запорожје“, откако Ренат Карча, советник на директорот на руската енергетска компанија Rosenergoat, тврдеше дека украинските сили ќе ja нападнат нуклеарната централа со прецизно оружје и беспилотни летала.
Зеленски изјави дека тој и Макрон се согласиле „да ја држат ситуацијата под максимална контрола заедно со Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA)“.