Киев преговара со САД за користење на замрзнатиот руски имот

од Nikola Popovski
288 прегледи

Украинскиот премиер Денис Смихал изјави денеска дека украинските власти преговараат со САД и другите западни земји за користење на рускиот имот замрзнат од Западот.

Шмихал за американскиот „CBS“ објасни дека задачата и целта на преговорите е да се најде решение како да се искористат замрзнатите средства на Русија за финансирање на обновата на Украина.

„Тој оцени дека тоа е „многу важно меѓународно прашање“, пренесува РИА Новости.

Стејт департментот и Белата куќа во саботата соопштија дека Шмихал се сретнал со државниот секретар Ентони Блинкен и американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан во Вашингтон за да разговараат за помошта на САД за неговата земја и континуираниот притисок врз Русија.

Западните земји воведоа остри санкции кон Русија по нападот врз Украина, вклучувајќи го и замрзнувањето на девизните резерви на земјата.

Претходно, гувернерката на руската централна банка, Елвира Набиулина, објави дека Москва подготвува тужби за оспорување на замрзнувањето на девизните резерви на земјата.

Слични содржини