219
Во текот на ноќта руските сили ја нападнаа територијата на Украина со 20 јуришни дронови „Шахед-136/131“, од кои 14 беа соборени, соопшти украинската армија.
Украина била нападната и со балистички ракети Искандер-М од окупираниот Крим и регионот Воронеж, се наведува во соопштението на армијата, пренесува „Униан“.
„Со силите и ресурсите на воздухопловните сили, во соработка со силите за противвоздушна одбрана на украинските одбранбени сили, уништени се 14 непријателски дронови во областите на Николаев, Запорожје, Дњепропетровск, Кировоград и Харков“, соопшти украинската армија.