Киев: Русија намерно ја нападна инфраструктурата за извоз на жито

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Украина денеска ја обвини Русија дека намерно извршила напади врз терминалите и инфраструктурата за жито во црноморското пристаниште Одеса, а советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак изјави дека главната цел е да се спречи Киев да го извезува своето жито од таму.

„Руските терористи апсолутно намерно ја гаѓаа инфраструктурата која се користи во договорот за жито. Секој руски проектил е напад не само на Украина, туку и на сите во светот кои сакаат нормален и безбеден живот“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Телеграм канал.

Во нападот во кој загинаа најмалку 12 цивили, вклучително и едно деветгодишно дете, руски беспилотни летала и ракети ја погодија инфраструктурата на пристаништето во регионот Одеса, особено терминалите за жито и нафта, и оштетија танкер и опрема за товарење, објави „Ројтерс“ претходно.

Слични содржини