На окупираните територии во Донбас во средината на декември   пристигнала група руски специјалисти по агресивни  отровни материи, која подготвува диверзиии. 
Ова го изјави претставникот Главната управа на разузнавањето кон украинското Министерство за одбрана Вадим Скибицки, цитиран од агенцијата “Униан”.

“Военото разузнавање на Украина забележува низа знаци кои покажуваат јасно дека Русија подготвува диверзантско- терористички акти со опасни отровни материи , кое ќе биде претставено од руските пропагандисти како употреба на” хемиско оружје “од украинските војници против жителите на окупираниот Донбас. Руските тајни служби  целат на   значителен број цивилни жртви “. – коментираше Скибицки на прес-конференција.

Според неговите зборови, украинската разузнавачка служба ја набљудува зголемената подготвеност на руските трупи за окупација  кои треба да работат под услови на хемиска контаминација. 

Тој додава дека окупирачката моќ веќе спроведува пропагандна кампањамеѓу локалните жители за да ги убеди дека Украина се подготвува за хемиски напад врз населението.

  “За да се создаде поволност за себе и јавното мислење Москва повеќе од месец дена спроведува масовна информативна кампања , за да ја обвини Украина дека тајно подготвува такви дејствија. Главната управа на разузнавањето констатира дека на сличен начин Русија одржа информативна операција пред хемиската напад во Сирија на 24 ноември оваа година во регионот на Алепо – за да го оправда понатамошните воздушни напади против сириските опозициски сили. ” – појаснува Сибилички.

Во првиот ден од новогодишното примирје сепаратистичките сили во Донбас отворија оган од гранати против позициите на украинските воени сили  крај село Железное.