Киев тврди дека украинските војници „делумно го опколиле“ Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските сили делумно го опколија Бахмут долж периферијата на градот и сè уште контролираат некои станбени квартови на градот, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.

Нејзината објава на апликацијата Телеграм се појави набргу откако претседателот на Руската Федерација Владимир Путин изјави дека битката за Бахмут завршила со руска победа, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, британската агенција објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, на прашањето дали Бахмут се уште е под контрола на Киев, одговорил: „Мислам дека не“.

Слични содржини