Кифли со цимет

од desk2
569 прегледи

Замесете кифли со цимет. Изненадете ги сите.


Состојки:

500 мл млеко
150 гр маргарин
12 гр сув квасец
120 гр шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка кардамон во прав
850 гр брашно
1 јајце
За полнење:

150 гр излупени бадеми
150 гр шеќер
100 гр маргарин
8 лажички цимет
4 лажици вода
шеќер за посипување
Начин на подготовка:

1.Топлете го млекото со маргаринот, шеќерот, квасецот, солта и кардамонот. Добро промешајте.

2. Направете празнина во брашното и истурете ја загреаната смеса. Замесете го меко тесто. Оставете го да порасне пола саат.

3. Во блендер смелете ги сите состојки за полнење.

4. Со оклагија расукајте го тестото во форма на правоаголник. Половина од правоаголникот намачкајте го со смесата од цимет. Преклопете и притиснете го тестото. Исечете го на ленти.Секоја трака смотајте ја околу рацете и врзете ја во јазол. Оставете ги кифлите уште 20 минути да стасуваат.

5. Кифлите премачкајте ги со јајца и посолете ги со шеќер. Печете ги 15 минути на температура од 220 степени.

6. Кифлите скужете ги топли со кафе.