Кијану Ривс тајно донирал средства за деца болни од рак

од Vlatko K
200 прегледи

Крајно дискретниот во однос на неговиот личен живот, Кијану Ривс тајно донирал средства од
неговите филмски хонорари за деца кои боледуваат од рак, објави „Контакт Мјузик“.

54-годишниот актер претходно изјавил дека неговата сестра се борела со леукемија десет години.
Ова е можеби една од причините поради кои тој со години донирал средства за пациенти со рак.

Неговите први донации се направени во 2009 година и отишле за медицински истражувања за
борба против ракот и за болници, кои примаат за лекување деца со онколошки заболувања.

Дискретниот Ривс не сакал да парадира со своите активности. Тој има приватна фондација, која ги
пренасочувала донираните од него средства за благородната кауза.