Кикбоксерот Валдет Гаши од Косово е убиен во Сирија како член на терористичката организација “Исламска држава” на 27 јуни, соопштува швајцарскиот весник landbote.ch, повикувајќи се на информации од неговиот брат во социјалните мрежи.
Спортистот се приклучил на организацијата во јануари оваа година, а пред еден месец изјави во телевизиско интервју дека се “обидува да изгради модерен калифат во Сирија”.
28-годишниот Гаши живеел пред тоа во германската провинција Баварија, а на појасот има Светска и Европска титула во кик-бокс, како и неколку шампионски титули во тај-бокс. Тој е оженет, со две деца. Роден е во Косово, а на 6-годишна возраст пристигна во Германија, каде се населил со семејството.
