Кикиљас: Вирусот покажува опасна тенденција, воведуваме нови мерки

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Грчкиот министер за здравство, Василис Кикиљас објави нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, по алармантниот скок на бројот на нови случаи во земјата и бројот на пациенти со тешки инфекции.

По средбата со здравствените и државните службеници, Кикиљас ги повика Грците, особено младите, да ги почитуваат заштитните мерки – да носат маски и да одржуваат социјално растојание, пренесува АП.

Грција регистрираше повеќе од 150 новозаразени лица во последните четири дена, а 203 случаи на КОВИД-19 беа потврдени во неделата, додека имало 152 од нив претходниот ден.

„За жал, преносот на вирусот покажува опасен тренд на раст. Уште еднаш, апелирам до младите луѓе и граѓаните кои не се придржуваат кон мерките за лична заштита да размислат за својата одговорност кон ранливите групи и земјата“, рече грчкиот министер.

Во Грција во моментов има 5.623 случаи на коронавирус, а 212 луѓе починале од почетокот на епидемијата.

Слични содржини