Кил ја освои Лигата на шампионите!

од Vladimir Zorba

Ракометарите на Кил ја освоија четвртата европска титула вечерва, откако во Келн во финалето на сезоната 2019/20 ја победија Барселона со 33:28 (19:16).

Најефикасен кај Кил беше Никлас Екберг со осум голови, Сандер Сагосен постигна седум, а Стефан Вајнхолд и Руне Дамке додадоа по пет погодоци.

Алеиш Гомес-Абељо имаше најдобар учинок во тимот на Барселона со 10 погодоци, а Аитор Арињо и Дика Мем постигнаа по четири гола.

Ова беше трето финале што го играа овие два тима, Барселона славеше во сезоната 1999/00, додека Кил во 2009/10.

Ова е прв пораз на Барселона од 14 септември 2019 година, кога беше поразена во Лигата од Пик Сегед.

Претходно денес во мечот за третото место, Пари Сен Жермен го совлада унгарски Веспрем со 31:26 (14:11).

Слични содржини