324
Противникот на Реџеп Тајип Ердоган во претседателската трка во Турција, Кемал Киличдароглу, денеска го заостри тонот кон мигрантите, ветувајќи дека ќе ги врати сите мигранти назад во нивните земји кога ќе биде избран за претседател на вториот круг од изборите на 28 мај.
Говорејќи пред членовите на неговата партија во седиштето на Републиканската народна партија, Киличдароглу задржа пркосен тон против миграциската политика на Ердоган, објави „Ројтерс“.
„Ердоган, намерно дозволивте пристигнување на 10 милиони бегалци во Турција“, посочи тој.