По нецелосните резултати од претседателските избори во Турција, се поизвесно е дека турските гласачи ги чека уште еден изборен круг во кој ќе има директен судир меѓу долгогодишниот лидер Реџеп Таип Ердоган и опозицискиот претставник Кемал Киличдароглу.
Според податоците на агенцијата Анадолија, по пребројани 99,38 отсто од гласовите, Ердоган води со 49,36 отсто од гласовите, Киличдароглу има 44,99 отсто, а кандидатот Синан Оган добил 5,21 отсто од гласовите.
Во Македонија сликата е поразлична. Како што објавија од Анадолија, од пет гласачки места во земјава, Киличдароглу победил со 757 гласови, пред Ердоган со 569. На трето место е Оган со 9 гласови.
За две недели ќе се одржи вториот круг од претседателските избори, а се поверојатно дека ќе одлучат гласовите токму на Оган.