Ким Џонг-Ун најави интензивирање на подготовките за можна војна

од Nikola Popovski

За време на состанокот на партискиот врв на севернокорејската партија посветен на воени прашања, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најави интензивирање на подготовките за можна војна, објави денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Во извештајот на севернокорејската државна агенција „KCNA“ се наведува дека Ким побарал подготовките за евентуална војна да се подигнат на повисоко ниво, да се зголеми производството на оружје и почесто да се организираат воени маневри, пренесува Ројтерс.

Корејско-американски маневри

Според агенцијата Јонхап, разрешен е досегашниот врховен командант на вооружените сили на Северна Кореја, генерал Пак Су Ил, а на негово место е поставен генерал Ри Јонг Гил, кој претходно бил министер за одбрана.

На средбата во средата се разговарало и за подготовките за воената парада по повод 75-годишнината од основањето на Северна Кореја, пренесува „KCNA“.

Состанокот се одржал пред најавените маневри на Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави кон крајот на овој месец.

Фото: KCNA

Слични содржини