Не е никаква тајна дека Ким Кардашијан е голем обожавател на брендот Луј Витон. Неодамна, ѕвездата дури ги облепи кантите за отпадоци со налепници на брендот за да ги направи да изгледаат полуксузни. Очигледно нејзината страст за марката сака да ја пренесе и на своите деца, опремувајќи ги дури и најмалите со торби Луј Витон.
Таа самата се пофалила на социјалната мрежа со поставување на фотографија од сите додатоци, по цена од 1100 долари. “Го зедов ова за сите девојчиња за Божиќ од Јапонија”, пишува риалити ѕвездата.

Па, очигледно обожавателите изброаја осум торби и коментираа дека Ким има две ќерки и четири внуки. “Нешто пропуштам? За кого се другите две? “, напишала обожавателка на бринетата, на која Кардашијан веднаш ѝ одговорила:
“Ох, чекај. Зедов една и за себе и една за резерва. “