Ким го патентираше името на нејзиното четврто дете

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Ким Кардашијан е мајка на малиот Псалм само неколку недели, но веќе има сериозни планови за неговото име. Светските медиуми објавија дека риалити ѕвездата  и нејзиниот сопруг поднеле документи за неговиот патент.

Според извори на WWD, сопругата на Кание Вест едноставно не сака други родители да ги крштаваат така своите синови. Таа планира да заработи пари од трговската марка “Псалм Вест”. 

Неодамна покрај невестинската шминка на годишнината со раперот, Ким сакаше да го искористи своето четврто бебе за продажба на бебешки производи. Таа планира да ги продава и додатоците  за бебиња, како облека, обувки, прибор и други додатоци.  

Најпознатата сестра од Кардашијан веќе ги патентираше имињата на другите три деца – Норт, Сент и Чикаго.