Уништувањето на нуклеарниот полигон во Северна Кореја, Пунгје-ри, треба да почне денеска и да трае до петок. Но, темпото на уништување ќе зависи од времето.

Северна Кореја во последен момент им дозволи на јужнокорејските новинари да им се придружат на малата група одбрани странски новинари кои ќе присуствуваат на уништувањето на полигонот за нуклеарни проби, соопшти јужнокорејската влада.
Северна кореја минатиот месец најави дека ќе го демолира полигонот Пунгје-ри на североистокот на земјата со дигање во воздух на пристапните тунели, што беше поздравено од Вашингтон и Сеул пред предвидениот замит на Северна Кореја и САД.
На тој полигон Пјонгјанг спроведе шест нуклеарни проби. Последната и најсилна беше извршена во септември лани кога беше пробата на хидрогенска бомба. Уништувањето на полигонот треба да трае од денеска до петок во зависност од времето, наведува Пјонгјанг.
Мал број странски новинари, вклучително и јужнокорејски, повикани се да известат за тоа. Новинари од Кина, Русија, Велика Британија и САД вчера отпатуваа од Пекинг со авион, а потоа со воз и автобус до полигонот.
Јужнокорејскиот министер за обединување денеска објави дека Пјонгјанг дополнително одобрил да дојдат и осум јужнокорејски новинари. Не е јасно зошто имаше натегање околу нив, ако се знае дека им беше дадена дозвола непосредно по состанокот на претседателот на САД ДОналд Трамп и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин во Вашингтон.
Самитот на САД и Северна Кореја се очекува во јуни, а може да е историска шанска за мир на Корејскиот полуостров.
Но, Северна Кореја ги откажа меѓукорејските преговори и се закани дека истото ќе го направи и со самитот Ким-Трамп како знак на протест заради јужнокорејско-американските воени проби. Трамп во текот на состанокот со мун рече дека е можно самитот да не се одржи како што е планирано.
Но, одлуката на Северна Кореја да го затвори полигонот за нуклерани проби се смета за добредојден гест.
Стручњаците сепак се поделени околу тоа дали кокацијата навистина ќе биде онеспособена. Во минатото Пјонгјанг го менуваше ставот штом ќе се променење дипломатската клима.