Според разузнавачки извори, Ким Јонг Ун и неговото семејство биле вакцинирани против коронавирусот, со кинеската вакцина. Наводно вакцината ја примиле неколку високи севернокорејски државни службеници.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и неговото семејство се вакцинирани во последните неколку недели со кинеската експериментална вакцина против коронавирус, објави во вторник американски аналитичар повикувајќи се на два неименувани извори од јапонското разузнавање.
Хари Казианис, експерт за Северна Кореја во Истражувачкиот центар за национални интереси во Вашингтон, утврди дека заедно со семејството Ким, и неколку високи севернокорејски државни службеници ја примиле кинеската вакцина.
Не е познато која фармацевтска компанија му ја доставила вакцината на севернокорејскиот диктатор или дали е докажано безбедна, забележа Казианис.