Ким Кардашијан, наводно повикала поранешни агенти на тајните служби како дел од планот за да ја зголеми безбедноста на “претседателско ниво”, откако беше ограбена. Риалити зведата, ќе биде придружувана насекаде од најмалку двајца телохранители и ќе се вози наоколу во блиндирано возило, за да може повторно да се почувствува безбедна.
Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест, наводно се сретнале со поранешни припадници на израелската армија и поранешни агенти на “CIA”. Тие одлучиле да вработат поранешни специјални агенти кој ќе бидат тешко вооружени, изјавува “TMZ”.
Промената со нејзиното обезбедување доаѓа една недела по вооружениот грабежот во кој на Ким и беа украдени накит и други предмети, во вредност од 11 милиони долари.
Се уште не се направени апсења, но според деталите од истрагата, разбојниците биле 5 средовечни мажи со “европски изглед”. Во меѓувреме Ким се врати во нејзиниот дом во Лос Анџелес заедно со нејзиното семејство, повлекувајќи се од социјалните медиуми и од очите на јавноста поради нејзина лична безбедност.