Ким Кардашијан: Бебето изгледа како Чикаго

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Синот на Ким Кардашијан и Кание Вест се роди пред само четири дена, но според неговата мајка, многу наликува на неговата сестричка Чикаго. Среќната мајка, која го доби своето четврто дете преку сурогат мајка, изјави дека бебето е мошне тивко во моментот.

“Моите грижи се покажаа залудни – ова е нашето најмирно бебе досега и сите многу го сакаат тоа”, рече таа.

Реалити ѕвездата сè уште не избрала име за нејзиниот син. Во овој контекст, таа коментира: “Во принцип чекаме бебето да се роди и да видиме како изгледа, за да процениме кое име му стои. Се навикнав на чекање со три, четири дена, а потоа да го почувствувам детското име “, неодамна откри гордата мајка.

Четвртото дете на Ким Кардашијан е родено на 10 мај попладне. Среќната вест беше пренесена од неговата мајка на Твитер.

“Тој е тука и е совршен”, сподели со нејзините следбеници, од кои добила илјадници желби.

Ким и Кание Вест имаат две биолошки деца – девојка по име Норт (5) и момче на 3, кое се вика Сент и за време на бременоста, бринетата имаше проблеми и одлучи да го добие третото преку сурогат мајка. Така, во јануари 2018 година се родила малата Чикаго. Истата жена зачна и му даде живот на детето број четири.