Ким Кардашијан е обвинета за плагијат

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан е обвинета за плагијат, а бараната сума за отштета од Хушманд Харун и адвокатите е 100 милиони долари. Станува збор за украдени модели кејсови за телефон.

Харун, според TMZ, цитиран од “Монитор”, тврди дека патентот е негов и е од 2013 година кон фирмата SnapLight. Ѕвездата од семејното риалити шоу пак го  пуштила озлогласениот  кејс како производ на компанијата Kimsaprincess Inc.

Документите на случајот покажуваат дека SnapLight инсистира да добие огромна сума за покривање на загубите од продажбите спроведени од 38- годишната ѕвезда.

Во меѓувреме таа и раперот и нејзин сопруг Кание Вест очекуваат трет наследник, кој ќе биде  роден од сурогат мајка. Во моментов е бремена во третиот месец.

Интересно е дека неодамна нејзината мајка – Крис Џенер, демонстрираше завидна фигура, независно од своите 61 година. Таа си направи селфи на кое е по костим за капење што го објави во Instagram.

 

Слични содржини