Ким Кардашијан се обраќа на сите идни невести и планира да формира специјална свадбена колекција шминка на својот бренд KKW Beauty.
Се разбира, никој не е изненаден што за инспирација Ким Кардашијан се послужила од самата себе и свадбата со Кание Вест.
“Мојата петта годишнина од свадбата доаѓа, па затоа може и да имам мала колекција во процес на создавање”, коментира Ким Кардашијан.
Годишнината од свадбата на Ким и Кание е во мај овој месец, па идните невести нема да мора да чекаат многу, за да видат што им зготвила риалити ѕвездата.