Ким Кардашијан и Кајне Вест очeкуваат девојченце

од desk3

Холивудската двојка Ким Кардашијан и Кание Вест очекуваат девојче кое треба да биде родено од сурогат мајка во јануари 2018 година Ова ќе биде трето дете за семејството кое веќе има ќерка Норт, 4 година и син Сент, 2 година Според извор на списанието “Пипл” двајцата се многу возбудени од претстојниот нов член на семејството. “Ким и Кание земаат поголемо учество во процесот на сурогат мајчинство. Ким е многу строга  и мајката мора да се придржува кон здрава исхрана “, вели изворот. Според него двојката многу држи до здравјето на детето, па дури и подготвиле специјален режим за жената која го носи детето.

Радоста на  родителите е голема, но не и на нивната најголема ќерка Норт изгледа не е возбудена од можноста повторно да е постара сестра. “Норт не е возбудена од тоа што повторно ќе биде поголема сестра. Таа имаше тенденција да стане навистина љубоморна на Сент бидејќи го сака целото внимание за себе, но Ким и Кание сметаат дека тоа е само фаза и таа ќе ја надрасне “, посочува извори блиски до семејството. Иако веќе е познат полот и месецот на раѓање на третото дете на семејството, ниту еден од двајцата родители се уште официјално не ја потврдил информацијата за бременоста. Во интервју за E! News самата Ким изјави дека кога е подготвена ќе зборува за она што се случува. “Видов многу работи, но никогаш не потврдени. Мислам дека кога сме подготвени да разговараме за тоа, ќе го направиме “, рече таа и додаде дека се чувствува непријатно од големото количество информации за нејзиниот личен нејзиниот, што е достапен во медиумите.

Слични содржини