Ким објави селфи, фановите се подбиваат: Пари ни требаат, Кимберли

347 прегледи

Ким Кардашијан на своите фанови на Твитер им прати „многу љубов“, но наиде реакции на какви што не очекувала, а многумина од неа бараат да направи повеќе среде пандемијата.

37-годишната старлета објави селфи на Твитер, покрај кое напишала: „Ви праќам многу љубов“.

„Прати пари Кимберли“, „Пари е она што ни треба“, „Бакнежот не е она што ќе им помогне на луѓето сега“, „Колку комплети за тестирање може да купи твоето гротеско богататво, Ким?“, пишувале фановите.

Но, Ким, не обрнала многу внимание на таквите коментари, а подоцна на Твитер ги повикала луѓето да ја сфатат сериозно ситуацијата и да останат дома. На тоа, една обожавателка ѝ напишала: „Ќе може ли да ми пратиш пари за да можам да престанам да одам на работа?“

Слични содржини