Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, ја посети новата фарма за пилиња во изградба јужно од Пјонгјанг и повика на унапредување, како што оцени, на оваа застарена стопанска гранка.

Севернокорејската официјална агенција КЦНА не прецизираше кога Ким ја посетил фабриката во Хванџу, пренесува Ројтерс.
Ким рече дека фабриката, која ќе произведува „илјадници тони вкусно и квалитетно месо и десетици милиони вкусни и квалитетни јајца секоја година, ќе даде значаен придонес во диеталниот живот“ на своите граѓани.
Овој објект, рече тој, ќе биде модел за модернизирање на фарми на пилиња низ целата земја кои беа изградени пред повеќе од 20 години.