Истражувачки тим во Кина објави анализа на примероците земени од пазарот во Вухан пред повеќе од три години кои се поврзани со појавата на коронавирусот, во која наведува дека брисевите кои биле позитивни на вирусот, исто така содржеле генетски материјал од диви животни.
Пазарот за морска храна и диви животни Хуанан беше во центарот на истрагата за потеклото на коронавирусот, објави денеска Би-Би-Си.
Како што е наведено, тоа е прва рецензирана студија за биолошки докази собрани од пазарот уште во 2020 година, а објавена е во списанието Nature.