Кина: Бројот на заразени од коронавирусот е над 570 лица

од Nikola Popovski

Бројот на заразени од коронавирусот во Кина надмина 570 лица, објави денес Државниот комитет за хигиена и здравје на Кина.

Претходно, „People Daily“ објави дека пријавени се 554 случаи во 27 региони во земјата, повикувајќи се на официјални податоци, а бројката на починати лица изнесува 17.

Според ажурираните податоци, 95 се во критична состојба. Повеќе од 5.800 луѓе кои биле во близок контакт со пациенти, се ставени во карантин.

Според објавената статистика, повеќето случаи се регистрирани во провинцијата Хубеи, чиј административен центар е градот Вухан, каде започна да се шири епидемијата. Првиот случај е откриен во провинцијата Хелонгџианг, која граничи со Русија. Во Пекинг, бројот на заразени лица е зголемен за уште четири, на 14.

Втор по региони со коронавирус е јужната провинција Гуангдонг, по кои следуваат со Жеџијанг и Шангај.

Кинеската влада воведе засилени мерки за спречување на појавата на епидемија со одржување активни контакти со Светската здравствена организација. Властите велат дека борбата против ширењето на пневмонијата е во „најкритична фаза“. Според експертите, вирусот со период на инкубација од две недели главно се шири преку влажниот воздух, но дивите животни остануваат главен извор, се вели во анализата на надлежните владини агенции.

Слични содржини